LIE-THE FEAR AND TERROR CULT
- Details
- Written by: Administrator
- Category: Рецензии за албуми
- Read Time: 1 min
- Hits: 61
Гледајќи низ историјата многу музичари не биле на најдобрата страна со ментална стабилност но мислам дека Чарлс Менсон се двои!

Исто така ако неколку личности можеби продолжиле со својата креативна кариера, некој драстични ситуации ќе биле одбегнати, посебно ситуацијата со убиствата „Хелтер Скелтер“, кои одзедоја 9 животи.
Иако е невозможно да се зборува за овој албум без тешката сенка на неговата историја, од чисто музички аспект, изданието Lie: The Love and Terror Cult претставува еден од најнеобичните примери на аутсајдерски фолк и психоделичен поп од крајот на шеесеттите години. Албумот поседува сурова, речиси непријатна интимност која го доловува духот на времето на еден поинаков, помрачен начин од тогашните мејнстрим хипи изданија. Менсон покажува изненадувачки осет за мелодни структури, а неговите песни како Look at Your Game, Girl откриваат влијанија од боса нова и блуз кои звучат природно и флуидно. Неговиот глас варира од нежно пеење до рапаво, десперувачко викање, што на снимките им дава итност и автентичност каква што ретко се среќава во професионалните студиски продукции.



